Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Црвен крст со дополнителна исплата за настраданите во пожарот

Со исплатата вкупно се опфатени 58 семејства од починатите лица вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани, и 99 семејство од повредените лица кои се хоспитализирани во болниците надвор од нашата држава.За секое лице е исплатено 150.000,00 денари, соопштија од Црвен Крст.

За две семејства од починатите лица и 16 семејства од повредените лица кои се лекуваат во странство се чекаат дополнителни податоци за да може да се изврши исплатата и за нив. Во тек е прибирање на податоци за повредените кои се лекуваат во државата.

Заклучно со денешниот ден собрани се вкупно 65.978.726,00 денари.

Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука до Собранието да го достави предлогот Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител

ДЕСК

Битолчанка останала без пари и накит – Познатата измамничка шема и натаму актуелна, повозрасните да внимаваат!

ДЕСК

Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3%, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност

ДЕСК