Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец во битолско, одзел нафта и масло од фирмата каде што работел

На 25.03.2025 во 22.30 часот во с.Живојно, општина Новаци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија лишиле од слобода лице поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 235 и член 242 од Кривичниот законик.

При контрола на патничко возило „шкода“ без регистарски таблички, кое го управувал, биле пронајдени повеќе пластични туби со нафта и масло за машини за кои постои сомнение дека ги одзел во фирмата во која работи.

Возилото и тубите биле одземени, а лицето било предадено во СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Европско истражување: 80% од македонските граѓани не би го сменале политичкото убедување за пари

ДЕСК

СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потври уште една лага на Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026

ДЕСК