Centar.mk
СВЕТ

18 загинати во Јужна Кореја: земјата е погодена од еден од најлошите пожари во историјата

Осумнаесет лица загинаа во серија шумски пожари, меѓу најлошите во историјата на Јужна Кореја, кои предизвикаа „невидена штета“ и ги надминаа сите прогнозирани модели, рече привремениот претседател Хан Дак-Су.

Илјадници пожарникари се борат со повеќе од десетина пожари во југоисточниот дел на земјата од викендот. Во катастрофата загинаа 18 лица, а шестмина беа тешко повредени.

Како одговор на ситуацијата, Хан во средата објави дека нивото на безбедност се подига до максимум и прогласи „целосен национален одговор“.

„Шумските пожари што горат веќе пет дена во Улсан и во регионот Гјеонгсанг предизвикуваат невидена штета“, рече Хан, додавајќи дека тие се шират на начин што „ги надминуваат сите постоечки модели на прогнозирање“. Состојбата со пожарите ја влошува сувото и ветровито време./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп ѝ се закани на Германија со повлекување американски војници по спорот околу Иран

C +

Убиство старо 43 години решено во САД благодарение на поткаст

C +

Војната со Иран ја чинеше Америка 25 милијарди долари

C +