Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведено лице од кавадаречко поради управување возило под дејство на алкохол

На 24.03.2025 во 18.05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, патничко возило „фиат стило“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(54) од село Возарци, кавадаречко, излетало од патот. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци при што било констатирано дека Б.И. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта. Тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена пријава по член 297а – „безобѕирно управување со моторно возило“ од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +