Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претрес во виничко, пронајдена дрога и пушка, приведен дилер

На 24.03.2025 во 18.40 часот во Виница од страна на полициски службеници од НККР Виница и ПСОН Виница е лишен од слобода Д.Ѓ. (28) од с. Јакимово, виничко. При претрес врз Д.Ѓ., кој бил со возило голф со винички регистерски ознаки на ул.„Браќа Миладинови“ во Виница, пронајдени се зелена растителна материја, метална дробилка, хартија за рачна изработка на цигари.

Потоа, по наредба на Основен суд Виница извршен е претрес во домот и просториите што ги користи Д.Ѓ. во с.Јакимово. При претресот пронајдена е зелена растителна материја, дробилка, три стаклени тегли со остатоци од зелена растителна материја и воздушна пушка. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕА, ФОТО) СПОРЕДБА: ПРЕД ДВА МЕСЕЦИ И ДЕНЕС – Дали Преспанското има шанси да се врати?

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДРАСТИЧЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ДО -10 СТЕПЕНИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Хорор во Македонија: Силувано и уценувано малолетно девојче, а потоа едниот и барал 20.000 евра за да не се објават ексциплитни фотографии

ДЕСК