Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО и ФОТО) Илјадници граѓани побараа одговорност за трагедијата во Кочани – од плоштад преку Собрание завршија пред Влада

Илјадници граѓани побараа одговорност за трагедијата во Кочани – од плоштад преку Собрание завршија пред Влада.

Граѓаните излегоа на протест под мотото “Секој еден може да е следен” и најавија “Системот е следен”.

Од плоштад граѓаните маршираа кон Собранието, каде се слушаа пароли “Убијци убијци”, а само неколку минути подоцна поминаа покрај градската болница, каде со силен аплауз дадоа поддршка на неуморните лекари кои спасија стотици животи веднаш по несреќата во Кочани.

Потоа маршот продолжи кон Владата, каде граѓаните побараа одговорност и имаа 16 минутен молк во чест на жртвите од големиот пожар во дискотеката во Кочани, каде загинаа 59 млади, а над 200 беа повредени.

Видео од пред Владата тука.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за обид за убиство и загрозување на сигурноста на сопругата

C +

Шукова: Крвави ви се рацете, оставка од Тошковски за загубените животи

C +

Средба на директорот на Царина, Николовски, со генералниот директор на СЕЛЕК: Борбата со транснационалниот организиран криминал во фокус на соработката

C +