Centar.mk
РЕГИОН

Српскиот народ се сеќава и не ги заборава своите жртви: Милорад Додик по повод годишнината од агресијата на НАТО врз Србија

Се додека српскиот народ е обединет, никој нема да го потчини – ниту со бомби, ниту со уцени, порача денеска претседателот на Република Српска Милорад Додик по повод годишнината од агресијата на НАТО врз Србија и српскиот народ.

„На денешен ден се сеќаваме на страшните моменти кога НАТО, без одлука на Советот за безбедност, почна брутална агресија против Србија и српскиот народ. Не бомбардираа 78 дена. Убија деца, уништуваа болници, училишта, мостови, железници. Не избираа цели – го избраа народот“, рече Додик.

Тој потсети дека во тоа страшно бомбардирање на НАТО загинале Ристан, Милица, Бојана… и илјадници други невини луѓе, а биле убиени само затоа што биле Срби и затоа што се осмелиле да бидат слободни./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ го навреди новиот претседател на Собранието, доби опомена; Брнабиќ реагираше бурно

ДЕСК

ГРЦИЈА ВОВЕДУВА ПОДЕТАЛНА КОНТРОЛА НА КРЕДИТИТЕ – Централната банка ќе ги објавува реалните трошоци

ДЕСК

ЦРНА ГОРА СÈ ПОБЛИСКУ ДО ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ – Затворени уште две поглавја, вкупно 25 од 33

ДЕСК