Centar.mk
РЕГИОН

Млад човек тешко повреден во Белград: добил струен удар кога се качил на локомотива

Државјанин на Швајцарија Р.В. (29) вчера околу 2 часот и 30 минути е тешко повреден откако се качил на локомотива на железничка станица во Белград.

Како што неофицијално дознава српски Телеграф, младиот човек добил струен удар, при што се здобил со тешки изгореници по целото тело.

Неговите тројца пријатели, кои биле сведоци на несреќата, наводно веднаш повикале брза помош.

Брзата помош го пренела младиот човек во тешка состојба во Ургентниот центар во Белград, а за случајот е известено и обвинителството./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ го навреди новиот претседател на Собранието, доби опомена; Брнабиќ реагираше бурно

ДЕСК

ГРЦИЈА ВОВЕДУВА ПОДЕТАЛНА КОНТРОЛА НА КРЕДИТИТЕ – Централната банка ќе ги објавува реалните трошоци

ДЕСК

ЦРНА ГОРА СÈ ПОБЛИСКУ ДО ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ – Затворени уште две поглавја, вкупно 25 од 33

ДЕСК