Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Кражба на околу 10 илјади евра од менувачница, еден осомничен

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 20 март, одзел пари во вкупен износ од 10.100 евра од менувачница на улицата „Архиепископ Ангелариј“. Го искористил моментот кога вработениот во менувачницата, поради зафатеност со работни обврски, кратко излегол надвор, па осомничениот влегол во менувачницата, од благајната ги одзел парите и веднаш го напуштил местото. Набрзо бил пронајден и уапсен.

Осомничениот е претходно осудуван, а за него се водат и други постапки за кривични дела. Со оглед на тоа, а имајќи ја предвид и опасноста тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје синоќа достави предлог за определување мерка притвор.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК