Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните излегуваат на протест вечерва во 18 часот и 59 минути, ќе важи посебен сообраќаен режим во Скопје

Граѓаните излегуваат на протест поради трагедијата во Кочани вечерва во 18 часот и 59 минути на плоштадот во Скопје, ќе важи посебен сообраќаен режим во СКопје.

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска (24.03.2025) со почеток од 19.00 часот поради одржување на протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

Протестниот марш ќе започне на Плоштад „Македонија“, а во 19.30 часот ќе се продолжи со движење кон Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, потоа по ул.„Филип Втори Македонски“, лево по бул.„Гоце Делчев“ до пред Влада на РСМ на бул.„Илинден“.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +