Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Повторно измама врз пензионер од Скопје – останал без шеесет илјадарки, а еве што му се случило

На 21.03.2025 во 19.40 часот во СВР Скопје, 81-годишен маж од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 60.000 денари. Имено, во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров примил лице кое се претставило како продавач на бренд со одредени производи и откако му дал пари и личен накит за производите, лицето си заминало.

Но, подоцна, кога ја отворил кутијата со производите видел дека тие не се од брендот како што му кажало лицето, односно сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК