Centar.mk
СВЕТ

Државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон укината од Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп ја укина заштитата од државната безбедност на неговите противкандидатки во двете претседателски изборни кампањи што ги доби – поранешната американска потпретседателка Камала Харис и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која беше и прва дама, пренесуваат медиумите во САД.

Тој претходно го укина пристапот до доверливи информации на поранешниот американски претседател Џо Бајден, како и правото на заштита од Тајната служба за децата на поранешниот претседател Бајден – Хантер и Ешли.

Американскиот претседател се соочи со Хилари Клинтон во претседателската кампања во 2016 година, а минатата година се натпреваруваше со Камала Харис, која го замени Бајден како кандидат на Демократската партија во трката за претседател на САД./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Жолто предупредување во Холандија и Белгија: најавена силна бура

C +

Кина и САД се сретнаа на Хаваи: сакаат да го намалат ризикот од воен конфликт

C +

Предупредување за вонредна состојба: Јапонија во тревога, доаѓа тајфун

C +