Centar.mk
РЕГИОН

Почина Вукашин по четири месеци и 20 дена борба за животот, тој е 16-та жртва од уривањето на натстрешникот во Нови Сад

Матурантот, кој беше тешко повреден при уривањето на натстрешникот на железничката станица во Нови Сад, почина по четири месеци и 20 дена борба за животот станувајќи 16-та жртва на оваа трагедија, која со месеци предизвикува протести на студентите и граѓаните во Србија.

Станува збор за Вукашин Црнчевиќ, 18-годишно лице, кое на 27 јануари беше префрлено на ВМА од Универзитетскиот клинички центар во Војводина, каде што неговата состојба беше критична, но стабилна.

Од младиот човек денеска се простија студенти и професори на економското училиште „Светозар Милетиќ“, како и многубројни граѓани на Нови Сад.

На училишната зграда беше истакнато црно знаме, а социјалните мрежи беа преполни со пораки на сочувство.

Во знак на сеќавање, денеска на повеќе локации во градот се одржа 16 минути молчење – по една минута за секоја изгубена жртва во трагичната несреќа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

БРИСЕЛ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО НОВОТО РАКОВОДСТВО ВО СРБИЈА – Марта Кос најави поддршка за реформите и европскиот пат

ДЕСК

НОВИ ТЕНЗИИ ПРЕД ТЕЛЕВИЗИЈАТА „ПИНК“ ВО БЕЛГРАД – Полицијата постави кордон, граѓани фрлаа јајца кон зградата

ДЕСК

ДРАМА ВО БЕЛГРАД – Граѓани влегоа во телевизијата „Информер“, прекината програмата во живо

ДЕСК