Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Две скопјанки измамени за 1 милион денари со веќе познатата измама – Внимавајте!

На 19.03.2025 година во 20.25 часот во СВР Скопје, 81-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати на неговото семејство, а потоа ќе ја ослободат.

Пријавителката подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сватила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Исто така На 19.03.2025 година во 23.00 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје, пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 700.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како службеник од странска амбасада и ѝ кажало дека нејзината ќерка во САД предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Пријавителката подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сватила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +

Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

C +

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

C +