Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ова не е единствената фалсификувана лиценца, има најмалку уште една и тоа во Скопје, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи на денешната прес-конференција изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е едениствена и дека има најмалку уште една, и тоа е во Скопје, според првичните информации.

Додаде и дека досега се уапсени 26 лица, а списокот не е затворен.

Тошковски нагласи и дека седум полициски службеници му овозможиле на кабарето да работи во супстандардни услови.

Рече дека досега има определено мерка притвор за 18 лица, а седум ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка плус уште едно лице, кое е едно од раководните во овој момент во Министерството за економија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +