Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Извлечени две лица од Чешка кои заглавиле во снежен нанос на Галичица

Вчера во 16.30 часот во Регионалниот центар за гранични работи Запад било пријавено дека двајца странски државјани биле заглавени во снежен нанос на подрачје на Националниот парк Галичица и барале помош.

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзорт и гранични проверки Св.Наум, претставник од Национален парк Галичица и планинарска спасителска служба на Црвен крст Охрид преземале мерки и на 200 метри под црквата Свети Ѓорѓија биле пронајдени J.C.(35) и O.В.(32), двајцата од Чешка Република.

Со нивниот кампер „мерцедес“ со чешки национални ознаки, тие биле извлечени од снежниот нанос./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И УТРА ДО −3 °C – Од понеделник услови за слаб локален дожд

ДЕСК

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК