Centar.mk
СВЕТ

Астронаутите што поминаа месеци на Меѓународната вселенска станица слетаа во морето опкружени со делфини

По успешно слетување во морето, вселенското летало „Драгон“ било опкружено со група делфини, јавува Би-би-си.

Астронаутите на НАСА, Суни Вилијамс и Буч Вилмор, се спуштија во морето во близина на Талахаси, Флорида, по девет месеци поминати на Меѓународната вселенска станица. Со нив слетале и астронаутот на НАСА Ник Хејг и рускиот космонаут Александар Горбунов.

Неколку минути по слетувањето, делфините пливаа околу леталото. Коментаторите на НАСА се пошегуваа дека се почесни членови на спасувачкиот тим./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран: Не, Американците не го спасија пилотот на соборениот Ф-15

C +

Напад врз петрохемиски комплекс во Емиратите

C +

Иран тврди дека соборил три американски летала за време на спасувачката мисија

C +