Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Владата вели дека се пласираат шпекулации во врска со бројот на загинатите

– Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора да покажеме одговорност и почит кон жртвите, се вели во соопштението на Владата.

– Во јавноста се пласираат шпекулации и дезинформации во врска со бројот на загинатите. Владата со целосна одговорност потврдува дека бројот на жртви е 59. Сите други тврдења за 100 или 120 загинати се неточни и неосновани. Ваквите лажни информации само ја зголемуваат вознемиреноста во јавноста и нанесуваат дополнителна болка на семејствата на жртвите.

Бројките ги утврдуваат официјалните медицински и истражни служби кои работат на терен. Владата инсистира на целосна транспарентност и јавноста ќе биде редовно информирана за сите нови детали поврзани со истрагата.

Апелираме до медиумите и граѓаните да не наседнуваат на непроверени информации и да не шират шпекулации. Ова не е време за манипулации, туку за заедништво, почит и одговорност.

Владата останува посветена на расчистување на сите аспекти од оваа трагедија и преземање на сите неопходни мерки за да обезбеди правда и поддршка за семејствата на жртвите, велат од Владата.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК