Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Таравари и Муцунски во Солун во посета на повредените пациенти од пожарот во Кочани

Министрите за надворешни работи, Тимчо Муцунски, и за здравство, Арбен Таравари, од Скопје пред кратко време пристигнаа во болницата „Папаниколау“ во Солун за да се информираат за состојбата и за здравјето на пациентите, кои добија сериозни изгореници по големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На влезот двајцата владини функционери ги прими заменик-министерот за надворешни работи, Тасос Хацивасилеиу, а потоа влегоа во болницата за да се информираат за состојбата на тројцата пациенти со изгореници, две девојки и едно момче на возраст од 19, 25 и 26 години.

Во воената болница „424“ во Солун со тешки телесни повреди се хоспитализирани уште две млади лица, која подоцна ќе ја посетат за да се информираат за нивната здравствена состојба.

Според информациите на грчките медиуми, состојбата на петте нови лица што се хоспитализирани на одделот за интензивна нега е стабилна, но критична, бидејќи сите, освен добиените повреди, вдишале големи количества чад. Тамошните медиуми потсетуваат дека уште три повредени лица од Скопје со лет се пренесени во воената болница „401“ во Атина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК