Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Прекинато примирјето во Газа, Израел жестоко нападна; Палестинците: Најмалку 220 мртви

Резултатите во живо може да се следат преку Centar.mk со клик на овој линк.

Израелската војска соопшти дека рано утринава нападнала цели низ Газа, завршувајќи го повеќенеделниот застој околу продолжувањето на примирјето што ги прекина борбите во јануари, при што палестинското Министерство за здравство извести за најмалку 220 загинати.

Нападите беа пријавени на повеќе локации, вклучително и северна Газа и градовите Газа, Деир ал-Балах и Кан Јунис и Рафа во централниот и јужниот дел на Појасот Газа. Официјални лица од палестинското Министерство за здравство, кое е под контрола на Хамас, велат дека многу од жртвите се деца.

Израелската војска, која соопшти дека погодила десетици цели, рече дека нападите ќе траат онолку колку што е потребно и ќе се прошират надвор од воздушните напади.

Нападите беа многу поголеми од вообичаената серија на напади со беспилотни летала извршени од израелската војска против поединци или мали групи осомничени милитанти, и доаѓаат по неколкунеделни неуспешни обиди да се преговара за продолжување на примирјето договорено на 19 јануари.

Хамас соопшти дека Израел го поништил договорот за прекин на огнот, оставајќи ја неизвесна судбината на 59-те заложници кои се уште се држат во Газа.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини Хамас дека упорно одбива да ги ослободи заложниците и ги отфрла предлозите на пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот исток, Стив Виткоф.

„Израел отсега ќе дејствува против Хамас со зголемена воена сила“, се вели во соопштението.

Во Вашингтон, портпаролот на Белата куќа рече дека Израел се консултирал со американската администрација пред да ги изврши нападите, за кои војската рече дека биле насочени кон командантите и раководството на Хамас од средно ниво, како и инфраструктурата што и припаѓа на милитантната група./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Прв поранешен претседател на земја од ЕУ зад решетки: Саркози ќе оди во затвор за два дена

C +

Бројот на дронови што упаѓаат во аеродромите низ Европа значително се зголеми

C +

Почина „Мама Еразмус“, жената што ги промени животите на 16 милиони студенти

C +