Синоќа дошло до судир меѓу студентите и полицијата во Нови Сад, кога студентите кои од полноќ ги блокирале влезовите во Градското собрание, биле пречекани со интервенција на безбедносните сили. Според информациите кои ги пренесува Н1 Србија, при интервенцијата биле повредени неколку студенти.
Околу 2 часот и 30 минути жандармеријата се појавила на улицата „Стражиловска“ и на булеварот „Михајло Пупин“, а потоа се позиционирала на оградата пред Градската управа. Студентите се нашле помеѓу жандармеријата и интервентната полиција. Една група студенти останала на главниот влез, додека друга група го блокирала задниот влез во зградата.
Во тој момент од правец на дворот се појавила интервентната полиција која почнала да ги тепа луѓето со палки за насилно да ги отстрани студентите кои го блокирале влезот. Во судирот се повредени неколку студенти. Потоа, интервентната полиција се обидела да ги турне студентите кон жандармеријата, продолжувајќи да употребува сила.
По кратка гужва и викање, ситуацијата се смири. Ситуацијата во Србија и понатаму е тензична по големиот протест во Белград минатата сабота./Извор:Makfax