Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ, студентите не може да имаат претставнички тела контролирани од властите, порачаа од Независното студентско собрание

Штотуку ФСС на Филозофскиот факултет при УКИМ изгласа недоверба на делегатите на УСС УКИМ. Овој модел на студентско претставување е истрошен, соопштија од Независното студентско собрание на УКИМ.

„Експериментот со УСС заврши, студентите на УКИМ ќе се самоорганизираат пленумски.

Тоа за кое пред деценија студентите се бореа никогаш не го добија. Наместо автентично претставување на студентскиот интерес, го добивме зависниот бирократски лавиринт, наречен УСС на УКИМ“, потенцираат во соопштението.

Студентите, како што нагласуваат во напишаното, не може да имаат претставнички тела контролирани од властите и партиите.

„Независното студентско собрание на УКИМ е хоризонтална самоорганизација на сите студенти на УКИМ. Ова се наши универзитет“, порачуваат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +