Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Студентите организираат заеднички час за искажување на почит кон жртвите во Кочани во 12 часот, ќе има заедничка настава и собири и следните денови

– Со оглед на големата трагедија која настана изутринава во дискотеката во Кочани, студентите на УКИМ Ве покануваат да го проследите организираниот заеднички час во форма на искажување почит кон жртвите кои настрадаа при немилиот настан, се вели во Универзитетско студентско собрание при УКИМ.

– Утре (17.03.2025) со почеток од 12 ч. на Платото на УКИМ, со времетраење од еден час, ќе се искаже сочувство кон загинатите лица и поддршка за побрзо закрепнување од повредите. На Платото ќе има простор каде студентите ќе можат да запалат свеќи, искажат тага во книга на жалост и остават цвеќе.

Воедно, ве известуваме дека заедничката настава и собирите на студентите ќе продолжат сѐ до 21 март 2025 година, секој ден, почнувајќи од 12 часот, на кампусите на УКИМ.

За секој од следните настани од 18 март, ќе добиете благовремени детали, велат од Универзитетско студентско собрание при УКИМ.

Можеби ќе ве интересира

Почуствуван земјотрес во Македонија – Сеизмолошка ги објави деталите

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +