Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Стабилна состојба на пациентите, а 51 од повредените се пренесени во болниците во Србија, Бугариja, Турција, Унгарија, Литванија, Хрватска….

Вкупно 135 пациенти биле по болниците во земјава и странство по вчерашната трагедија во Кочани.

– Сите пациенти од Кочани и од Штип ги преземавме, во Клинички има 49, во „8. Септември“ – 18 пациенти, во стара Градска болница се 17 пациенти, во Штип сега се пријавени двајца нови пациенти, рече на прес конференција утрово Арбен Таравари, министер за здравство.

Инаку во странство се пренесени 51 пациент.

– Во Турција односно во Истанбул и Анкара се 9 пациенти, во Бугарија (Софија) 14 и во Грција 5 (Солун), во Србија 17 пациенти. Во Будимпешта се испратени двајца и во Литванија 4 пациенти. Денеска посочи Таравари дека пациенти ќе бидат испратени надвор од државата и тоа во Хрватска, Словенија, Австрија и 12 пациенти во Белград, во ВМА, ги соопшти овие податоци Таравари.

Таравари уште рече дека сите 20 критични пациенти кои се надвор од државата се релативно стабилни, засега нема промена во нивната состојба.

Таравари најави дека до 14 часот ќе излезат со бројки за сите болници каде има македонски пациенти за да може да се комуницира со болниците.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК