Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СРЦЕ ЌЕ ВИ СЕ СКРШИ, ТАГА ДО НЕБО: Кочанските гробишта ќе се прошируваат, настраданите деца и млади ќе бидат погребани во посебен дел

На колегиумот што утринава се одржа во Општина Кочани, а по трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“, сега градоначалникот во оставка дал неколку препораки за преземање активности во наредниов период.

– Од колегиумот е упатена препорака за целосно почитување на прогласената седумдневна жалост, со што се откажуваат сите настани од забавен, културен и спортски карактер.

Упатена е препорака до Управниот одбор на КЈП „Водовод“ да донесе одлука за проширување на парцелите во Градските гробишта и определување посебно место за починатите во пожарот, како и одлука за бесплатно доделување парцели за починатите и за погребните услуги коишто се во надлежност на КЈП „Водовод“, се вели во информацијата.

Да потсетиме во трагедијата која што се случи на 16-ти март 2025 година во дискотеката Пулс загинаа најмалку 59 лица, повеќето млади ученици и студенти, додека над 160 се повредени, од кои дел се во критична состојба.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК