Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Македонија завиена во црно по најголемата национална трагедија во последните децении

Денеска Кочани плаче. Денеска Македонија тагува. Небото е темно, а градот немо ја спушта главата пред огромната трагедија што одзеде десетици млади животи, оставајќи зад себе болка што никогаш нема да исчезне. Ова не е само трагедија на еден град; ова е рана за целата земја.

Десетици семејства засекогаш изгубија дел од себе, додека цела нација ја споделува нивната тага, солзите и прашањата за тоа како можеше да се случи вакво нешто. Млади луѓе кои беа иднината, надежта, сега се само спомен кој го стега срцето на секој од нас.

Денес сме обединети во тага, но утре мораме да бидеме обединети во потрага по одговорност и правда. Нашата болка нека биде потсетник дека човечкиот живот нема цена, дека безбедноста мора да биде на прво место, и дека ваква трагедија никогаш не смее да се повтори.

Да ги паметиме со љубов и почит сите оние кои си заминаа прерано. Нека почиваат во мир.

Можеби ќе ве интересира

Продолжува поддршката на Американскиот мировен корпус во градење поинклузивна училишна средина и јакнење на јазичните вештини на учениците

ДЕСК

Николоски од Брисел: Земјите на Коридор 10, Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпишеме Договор за брза пруга 

ДЕСК

Одбележување на Светскиот ден на волонтерството

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.