Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Протест по повод трагедијата во Кочани

По вчерашната трагедијата во Кочани, во која според првичните информации загинаа најмалку 59 млади загинаа, а над 150 се повредени, на социјалните мрежи се најавува протест во 13 часот.

Протестот според објавата постирана на интернет вчера ќе започне денеска во 13 часот во Градскиот парк.

– По трагичната несреќа во Кочани, во која загинаа над 59 наши сограѓани, на социјалните мрежи веќе кружат апели и се најавува протест утре во 13 часот во Градскиот парк. Овој протест е израз на длабока болка и револт за загубените животи, но и за состојбата во која се наоѓаме како општество. Не можеме да ги вратиме нашите мили сограѓани, но сме должни да се бориме во нивна чест и за нив да го смениме овој неефикасен систем кој не обезбедува сигурност, благосостојба и праведност.

Граѓаните бараат конкретни промени. Ќе се борат за град без партиски вработувања, за институции кои функционираат, за полиција која е тука за нас, за инспекциски служби кои ќе ги вршат своите обврски, за јавни простори кои ќе бидат безбедни и чисти. Протестот е за правдата, за секој од нас, за секоја жртва која што ја изгубивме и за сите нас кои го живееме овој град секој ден.

Потребно е да се преиспита регуларноста на сите угостителски објекти, особено пицериите кои ги проширија и легализираа своите тераси на нелегален начин. Кафулињата кои ги проширија своите објекти низ цел трговски простор, и колите паркирани по тротоарите, кои ја блокираат пешачката патека, создаваат опасности за нас. Не смееме да ja заборавиме ниту дека не се почитува забраната за фрлање отпад од другите општини на депонијата, каде што со полициска придружба се дозволи да се фрла отпад на истата., се вели во објавата.