Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СТУДЕНТИТЕ УТРЕ ПРЕД ПЛАТОТО НА УКИМ ЌЕ ИСКАЖАТ ПОЧИТ ПО НЕЗАПАМТЕНАТА ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА – Еве што соопштија

Соопштение на Универзитетско студентско собрание при УКИМ:

Со оглед на големата трагедија која настана изутринава во дискотеката во Кочани, студентите на УКИМ Ве покануваат да го проследите организираниот заеднички час во форма на искажување почит кон жртвите кои настрадаа при немилиот настан.

Утре (17.03.2025) со почеток од 12 ч. на Платото на УКИМ, со времетраење од еден час, ќе се искаже сочувство кон загинатите лица и поддршка за побрзо закрепнување од повредите. На Платото ќе има простор каде студентите ќе можат да запалат свеќи, искажат тага во книга на жалост и остават цвеќе.

Воедно, ве известуваме дека заедничката настава и собирите на студентите ќе продолжат сѐ до 21 март 2025 година, секој ден, почнувајќи од 12 часот, на кампусите на УКИМ.

За секој од следните настани од 18 март, ќе добиете благовремени детали.

Однапред Ви благодариме.

Со почит,
Универзитетско студентско собрание при УКИМ

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК