Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, Општина Центар стои на располагање да помогне на Општина Кочани и на сите граѓани

Градоначалникот Горан Герасимовски изразува најдлабоко сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите во големата трагедија во Кочани и истакнува дека Општина Центар стои на располагање за да помогне на Општина Кочани и на сите граѓани.

„Со голема тага и неверување утринава ја примив веста за трагедијата во Кочани, во која млади животи беа прерано згаснати. Најдлабоко сочувствувам со семејствата, роднините и пријателите на загинатите во оваа страшна несреќа. Ова е ненадоместлива загуба, болка што ја чувствува цела Македонија. На повредените лица, кои се под медицинска нега, им посакувам брзо и целосно закрепнување. Во моменти на ваква тага, најважно е да бидеме заедно, да се поддржуваме и да си помагаме. Општина Центар стои на располагање за да помогне на Општина Кочани и на сите граѓани на кои е потребно. Солидарноста е неопходна во овие тешки моменти. Нашите срца и мисли се со вас“, вели Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Во тек се активности за втора фаза, бетонирање на темели за семафоризација на крстосницата на улица “Васко Карангелевски”

ДЕСК

Вториот напад врз градоначалничката на Скопје доби епилог – Осуден напаѓачот, кој изразил искрено каење и се извинил

ДЕСК

Црната листа на САД и тивката дистанца на СДСМ од Јакимовски

ДЕСК