Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дискотеката “Пулс” имала само еден влез и немало протокол за излез

Како што пишува порталот “Рацин.мк” дискотеката “Пулс” имала само еден влез и немало протокол за излез, коментираат дел од семејствата кои не сакаат да зборуваат пред камера.

Додека се повикувало за излез дел од нив не ги чуле апелите, а пожарот се раширил брзо и го зел животот на повеќе од 50 присутни.

На концертот кој започна на полноќ во неделата присуствуваа млади луѓе и малолетници.

Повредените се пренесени или во локалната болница во Кочани или во Штип, на 30-тина километри јужно од градот.

Локалните медиуми шпекулираат дека пожарот најверојатно бил предизвикан од употреба на пиротехнички средства, пишува “Рацин.мк”

Можеби ќе ве интересира

19 КРИВИЧНИ ДЕЛА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Полицијата приведе 17 лица поради опасно возење

ДЕСК

МИЦКОСКИ ДЕНЕСКА ВО ОХРИД – Ќе присуствува на отворањето на нов производен капацитет на компанијата „АСП – ПАК“

ДЕСК

ПОНЕДЕЛНИК НОСИ ОБЛАЦИ И ЛОКАЛЕН ДОЖД – Еве какво време нè очекува на почетокот од работната недела

ДЕСК