Centar.mk
БИЗНИС

Револуција на доставата во Македонија: My Box пристигна!

My Box го претстави решението што конечно ги надминува долгогодишните предизвици на достава на пратки. Оваа револуционерна услуга воведува паметни автоматизирани пакетомати, кои овозможуваат флексибилно, сигурно и непречено подигнување на пратките 24/7, без оглед на работното време на курирските служби или ризик од пропуштени испораки.

Новата платформа беше официјално претставена денеска на промотивен настан наречен Unbox Your Box, кој привлече внимание кај партнерите и потенцијални корисници од индустријата, за кои оваа услуга носи вистинска револуција во синџирот на достава на пратки.

„My Box е резултат на детална анализа на потребите на корисниците и предизвиците во постоечкиот систем за достава. Нашата цел е да обезбедиме модерно, ефикасно и достапно решение што ќе стави крај на загубените пратки, на долгите чекања и на ограничувањата на временски рамки во доставата. Уверени сме дека My Box ќе донесе вистинска промена и ќе им даде на корисниците слобода и контрола врз нивните пратки,“ изјави Далибор Ѓошевски, основач на My Box.

Во рамки на настанот се одржа панел-дискусија со водечки експерти од областа, кои говореа за иднината на е-трговијата и предизвиците на логистиката. Д-р Нина Ангеловска Станков, претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија, Денис Ампов, Country Manager на Ananas.mk и Горан Копчаревски, генерален менаџер на My Box, зборуваа за тоа како иновативните производи и услуги, меѓу кои и My Box, ќе го подобрат искуството на корисниците и ќе го оптимизират процесот на достава.

Во претстојниот период, првите функционални паметни пакетомати на My Box официјално ќе започнат со работа низ државата, со цел брза и практична достапност за сите корисници.

Со овој чекор, My Box не само што воведува нова ера во логистиката кај нас, туку поставува и нови стандарди во достапноста, сигурноста и ефикасноста на достава на пратки во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Николоски: Имаме најевтино гориво во регинот, мерките на Владата даваат конкретни резултати

ДЕСК

Црна Гора e традиционално важен стратешки пазар за „Алкалоид“

ДЕСК

Народната банка одбележува 34 години монетарна самостојност и 80 години централнобанкарскo работење

ДЕСК