Centar.mk
СВЕТ

Полскиот претседател: Им реков на Американците да го преместат нуклеарното оружје кај нас

Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите Американски Држави да пренесат нуклеарно оружје на полска територија како одвраќање против идната руска агресија, објави утринава „Фајненшл тајмс“.

Дуда рече дека неодамна разговарал за оваа можност со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог.

„Границите на НАТО се поместија на исток во 1999 година, така што 26 години подоцна, инфраструктурата на НАТО исто така треба да се движи кон исток. За мене тоа е очигледно“, рече Дуда во интервју за „Фајненшл тајмс“.

Полскиот претседател додаде дека безбедносната ситуација би била поповолна доколку ова оружје веќе се наоѓа во Полска./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

C +

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

C +

Поранешен шеф на ЦИА: Нападите на Трамп врз Иран се катастрофална грешка

C +