Centar.mk
Фото МДТ
МАКЕДОНИЈА

Доказите се кристално јасни – ОЈО веднаш да отвори истрага за тендерите на Стефан Андоновски, велат од СДСМ

СДСМ известува дека Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет за судир на интереси, непотизам и корупција во врска со тендерите во Министерството на Стефан Андоновски.

– Првиот чекор на ДКСК е во вистинска насока, но сега е потребна завршница на предметот и вклучување на Јавното обвинителство. Правда мора да има!, децидни се од опозициската СДСМ.

– Доказите се кристално јасни: фирмата на сопругот на Клинчарова, која е Државен секретар во министерството на Андоновски, добила два тендери, а министерот Андоновски е потписник на договорите.

Ова е очигледен случај на судир на интереси и основано сомнение за корупција. ОЈО мора вендша да отвори истрага.

Тендерските мрежи на ДПМНЕ мора да бидат разобличени, а одговорните санкционирани, велат од опозициската партија

СДСМ нема да дозволи оваа афера да биде заташкана – секој чинител во оваа криминална мрежа мора да одговара пред законот, заклучува СДСМ во своето соопштение.

Можеби ќе ве интересира

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +

Муцунски: Поставуваме основа за подлабока економска и трговска соработка со Полска

C +