Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Советник на Путин: Претседателот е во дилема, Русите се уморни од војна

Сергеј Марков, долгогодишен советник на рускиот претседател Владимир Путин, смета дека односот меѓу Путин и Доналд Трамп може да влијае на преговорите за прекин на огнот во Украина.

Во интервју за Би-би-си Радио 4, Марков рече дека односот меѓу Путин и новата американска администрација под Трамп е значително различен од оној со поранешниот претседател Џо Бајден.

„Бајден беше непријател, Трамп е ривал“, изјави тој.

Тој додаде дека предлогот за прекин на огнот поставува дилема за Путин, нагласувајќи дека руското општество е уморно од војна и сака мир./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Турскиот опозициски лидер оди на суд: се соочува со 2.430 години затвор

C +

Експерти: САД влегуваат во војна во Иран без цел или стратегија

C +

(Видео) Американската војска уби шестмина во Пацификот: „Патувале по шверцерски рути“

C +