Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Скандал, на министерот на Мицкоски му е забранет влез во САД

Скандал до скандал во Владата на Мицкоски. Иако тврди дека гради стабилни односи со САД, премиерот крие од јавноста дека неговиот министер, Фатмир Лимани, добил забрана за влез во САД. Поради ова, тој бил принуден да ја откаже планираната посета, а Владата молчи за причините зад оваа драматична одлука, велат од СДСМ.

„Ова отвора сериозни прашања за кредибилитетот на владините претставници и за политиката што ја води Мицкоски. Доколку тој навистина ужива поддршка од американската администрација, како што често тврди, сега е моментот да го докаже тоа со конкретни чекори.

Во спротивно, неговата тишина само ќе потврди дека во Владата се толерираат контроверзни личности.

Јавноста има право да знае: кои се причините поради кои Лимани е прогласен за непожелен во САД? Дали ова значи дека тој е вмешан во скандал што ја загрозува меѓународната репутација на земјата?

Мицкоски не може да остане без одговор. Доколку навистина е посветен на транспарентноста и партнерството со САД, мора веднаш да го разреши министерот Лимани. Секое одолговлекување само ќе покаже дека премиерот ја става партиската лојалност пред државните интереси.

Ги повикуваме Лимани и Мицкоски веднаш да излезат пред јавноста и да одговорат:

Зошто министерот има забрана за влез во САД?

Дали ќе биде разрешен или Владата ќе продолжи да го штити?

Ова не е случај што може да се премолчи.“ – се вели во соопштението.