Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерката Димитриеска-Кочоска на министерскиот состанок во Подгорица посветен на мерки за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи во ЗБ

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на министерскиот состанок во организација на Светската здравствена организација, посветен на елиминирање на штетните влијанија од употребата на тутун.

На состанокот на високо ниво учествуваат министри и заменици министри за финансии на земјите од регионот, претставници на Свеската здравствена организација и Eвропската комисија, Обединетото Кралство, Словенија, Светската банка, Светската царинска организација, Организацијата за економска соработка и развој, како и претставници на академската заедница.

Целта е да се подигне свеста за проблемот со нелегалната трговија со тутун и за нејзиното влијание врз даночната администрација, здравјето и одржливиот развој, за потенцијалот на земјите во справувањето со нелегалната трговија со тутунски производи, а воедно и да се споделат искуства во справувањето со овој проблем.

Можеби ќе ве интересира

Попладнево трагедија ја потресе Македонија – Во сообраќајка кај Мирковци загина едно лице

ДЕСК

Важна вест вечерва пристигна од Министерството за надворешни работи до граѓаните кои се заглавени во Емиратите

ДЕСК

Сончево, па дожд – Метеоролозите со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК