Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Западните земји испратија стотици тенкови во Украина, Полска убедливо најголемиот донатор

Во текот на изминатите три години од војната во Украина голем број земји дадоа значителна воена помош донирајќи стотици тенкови за зајакнување на украинските вооружени сили во одбрана од руската агресија, пренесува ХРТ.

Според податоците на Килскиот институт за светска економија (IFW), Полска е убедливо најголемиот донатор, која на Украина ѝ испорачала дури 354 тенка. Меѓу нив има повеќе од 200 тенка „Т-72М1“, околу „140 ПТ-91“ и десетина „Леопард 2А4“. Холандија е на второ место по бројот на донирани тенкови со вкупно 104 тенка, главно модели „Т-72Б“ и „Леопард 2А4“.

Водечки донатори се Данска со 77 и Соединетите Американски Држави со 76 тенка вклучувајќи ги моделите „Леопард 1A5“, „Леопард 2A4“ и „M1 Абрамс“. Чешка донира 72 тенка „Т-72“ од разни модели, а Германија испрати 60 тенка, главно „Леопард 2А6“, „2А4“ и „1А5“. Австралија обезбеди 49 тенка „М1 Абрамс“.

На списокот со донатори е и Хрватска, која донира 30 тенка „М-84“. Сличен придонес имаа и Шпанија со 29 и Словенија со 28 тенка. Велика Британија обезбеди 14 тенка, а Шведска (10), Канада и Норвешка (по 8) и Португалија (3) испратија помали количества борбени возила./Извор:Makfax