Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Српска пејачка: Како да бидам со дечко кој заработува само 1.500 евра?

Релативно непозната српската пејачка Габријела Пејчев го привлече вниманието со изјава на еден српски медиуми.

„Мажите се лепат за нас пејачите, работиме, заработуваме, па немаат многу обврски кон нас, барем кога станува збор за финансискиот дел. Но, јас навистина не сум човек што би поддржувала финансиски некого. Тоа го кажувам искрено. Не сакам да се преправам и да кажам дека би била со некој што заработува 1.500 евра месечно“, уверено рече Пејчев.

Таа верува дека „мажот не би можел емотивно да се справи со тоа доколку таа заработува повеќе“ и дека „не би се вклопил во нејзиниот живот“. „Сега многумина ќе ме осудат, знаете како оди тоа“, му рече таа на водителот./Извор:Makfax