12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шефот на дипломатијата на Трамп: Не сме разговарале со ЕУ за ублажување на санкциите кон Русија

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека САД не разговарале со Европската Унија за можното олеснување на санкциите кон Русија.

„Сè уште не сме стигнале до таа фаза“, им рече Рубио на новинарите пред средбата со украинските претставници во Саудиска Арабија.

На прашањето дали Вашингтон размислува за укинување на санкциите воведени по руската инвазија на Украина, Рубио одговори:

„Европејците имаат свои санкции, а ние не можеме… тие самите ќе треба да одлучат што се подготвени да направат“.

Рубио нагласи дека кое било конечно решение за војната ќе мора да ги вклучи европските лидери, со оглед на нивните огромни санкции против Русија.

САД имаат средства да извршат дополнителен притисок врз Москва, но Рубио изрази надеж дека тоа нема да биде потребно./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Жестоки судири на авганистанско-пакистанска граница

C +

Трамп утре ќе се сретне со семејствата на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас

C +

Израел ќе го насочи фокусот кон уништување на тунелите во Газа

C +
error: Соддржината е заштитена.