Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

„Икс“ паѓаше одвреме-навреме вчера; Маск: Нападот е извршен од адреси во Украина

Корисниците на Икс вчера имаа проблеми со користење на социјалната мрежа. Сопственикот на Икс, Илон Маск, објави дека социјалната мрежа била погодена од „масовен сајбер напад“. Тој додаде дека нападот бил извршен „со многу ресурси“.

Тој посочи дека во нападот била вклучена или голема координирана група или држава или и двете. „Секојдневно нè напаѓаат, но тоа беше направено со многу ресурси. Или е вклучена голема, координирана група и/или држава. Го бараме изворот“, напиша тој на својата социјална мрежа.

Маск подоцна изјави за „Фокс Њуз“ дека IP адресите вклучени во сајбер нападот се лоцирани „на територијата на Украина“. Во сега избришаната објава на Телеграм, хакерската група наречена Dark Storm Team ја презеде одговорноста за нападот./Извор:Makfax