Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитриеска-Кочоска: Фискална консолидација и постигнување на фискалните правила приоритет на МФ, Буџетот во 2025 е во функција на развојот

Министерството за финансии силно опстојува на напорите за фискална консолидација која е дефинирана со Фискалната стратегија 2025-2029. Во 2024 година реализиравме буџетски дефицит понизок од проектираниот со ребалансот на Буџетот за 2,5 милијарди денари, односно ниво од 4,4% од БДП наместо проектираниот од 4,9%. Јавниот долг на крајот на 2024 беше понизок од проектираниот и годината ја завршивме со јавен долг на ниво од 61,9% од БДП, а веќе од јануари 2025 година тој е под 60% од БДП, односно 58,4% од БДП по успешно реализираната отплата на Еврообврзницата издадена во 2018 година.

Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која се обрати на отворање на Конференцијата посветена на Фискалното управување на ЕУ и улогата на Фискалниот совет, во организација на Фискалниот совет.

Таа додаде дека со Буџетот за 2025 година тој тренд на фискална консолидација продолжува и дека патоказот за постигнување на фискална консолидација е Законот за буџети, со кој се утврдени и фискални правила.

Министерката при тоа потсети дека во 2024 година отстапувањето од фискалните правила е поради недоволно обезбедени средства за обврски кои биле преземени од претходната Влада, како и доспеани и неплатени обврски кои беа сервисирани преку Ребаланс на Буџетот.

„Во 2025 година, како што наведе, отстапувањето од ова правило е во функција на развојот и реализација на инвестициите, како што се Коридор 8 и 10 (0,8% од БДП), локални инфаструктурни проекти (0,6% од БДП) и инвестиции во одбраната (0,5% од БДП)“, истакна министерката.

Таа потенцира дека се работи на реформите во јавните финансии, донесени се повеќе подзаконски акти, покрај Законот за буџети, и дека во спроведување на тие реформи важна улога има и Фискалниот совет, со кој има воспоставена континуирана соработка, а кој како независна институција обезбедува независни и професионални анализи и мислења за макроекономските и фискалните претпоставки, фискалната стратегија, буџетот, извештаите за реализација на буџетот, фискалните ризици и слично кои можат да имаат придонес при креирањето на политиките.

Можеби ќе ве интересира

Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата, велат од СДСМ

C +

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

C +

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +