Centar.mk
Фото Министерство за здравство
МАКЕДОНИЈА

БРАВО: Извршени две трансплантации – на деформитет на стапало и на преден вкрстен лигамент на колено

Под водство на проф. д-р Зоран Божиновски и со поддршка од стручен тим успешно е извршена реконструкција на деформитет на стапало кај 13-годишен пациент. Во медицинскиот тим учествуваа д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, анестезиолог д-р Марина Темелковска, д-р Ивана Колевска Удовалиева, инструментарка с. Шехиде Синани, помошник инструментарка с. Аријета Мемети, сестра анестетичар с. Менче Дојчиновска и болничар Сејнур Идриз.

Исто така, медицински тим составен од доц. д-р Алан Андоновски, д-р Мики Ѓорески, д-р Шклзен Синани и анестезиолог д-р Јасминка Нанчева успешно ја изведе реконструкцијата на предниот вкрстен лигамент на колено кај 35-годишен пациент.

Придружувани од медицински техничар Ерзен Муртезани, помошник инструментарка Сузана Пејчиновска, сестра анестетичар Јована Илиева и болничарка Снежана Тодоровска, тимот демонстрираше врвен професионализам и посветеност.

-Трансплантациите се извршени благодарение на ткивната банка на ортопедија. Со секоја успешно изведена трансплантација, ние не само што спасуваме живот, туку им даваме шанса за подобар и поквалитетен живот на пациентите. Тие се инспирација за сите нас. Изразувам посебна почит кон донорот и благодарност до семејствата на донорите. Огромна благодарност и до сите здравствени работници вклучени во трансплантациските постапки. Во изминатите шест месеци се извршени осум ортопедски трансплантации кај деца и возрасни со кои значително се унапредува квалитетот на живот кај пациентите, вели проф. д-р Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +