Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Со имиња објавена е новата листа на должници – Еве кој колку должи за данок кон државата

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.03/2025 за долгови доспеани до 30.11.2024 и неплатени до 28.02.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  • повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  • повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

На Листата на должници бр.03/2025 објавени се 1943 должници – правни лица (помалку за 14 од претходната листа) и 3723 физички лица (помалку за 25 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.03/2025 изнесува 11.392.790.146 денари, (повеќе за 181.110.315 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.193.095.157 денари, (повеќе за 140.008.728 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 199.694.989 денари (повеќе за 41,101,587 од претходната листа).

Целата листа е достапна тука.