Centar.mk
илустрација / J.S. images (c)
МАКЕДОНИЈА

Повеќе жртви во сообраќајки, отколку денови во март: Нова трагедија кај Штип – загина млад човек

Речиси секој ден има по една или две жртви во сообраќајни несреќи овој месец.

Најновата вест доаѓа од Штип, каде што според полицијата вчера на десет минути пред полноќ во полиција било јавено дека на регионалниот пат Штип – Карбинци, на влез во селото Карбинци, патничко возило марка „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(36) од село Карбинци, излетало од патот и удрило во бетонски столб.

МВР информира дека од здобиените повреди, на местото починал сопатникот М.Т.(34) од Штип, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Според податоците на полицијата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Л., констатирани во Клиничка болница Штип. Бил извршен увид и од Јавен обвинител.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК