Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Почнува изградбата на граничниот премин Маркова Нога – Градежните работи ќе ги означат амбасадор на ЕУ Михалис Рокас и премиерот Христијан Мицкоски во Долно Дупени задутре

Амбасадорот на ЕУ во посета на Ресен и на одбележување на почетокот на градежни работи на граничниот премин Маркова нога.

Во следните два дена, на 11 и 12 март 2025 година, амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Михалис Рокас, ќе ги посети општина Ресен и подрачјето на Преспанското Езеро. Целта на оваа посета на локално ниво е двојна: да се доближи Европската унија и процесот на интеграција до граѓаните и да се презентираат видливите придобивки од помошта на ЕУ во нивниот секојдневен живот.

фото Centar.mk / септември 2018-та година / од посета на тогашниот министер за транспорт и врски

Посетата ќе започне во вторник, 11 март 2025 година со меѓусебни средби со г-дин Јован Тозиевски, градоначалник на Ресен, како и со Советот на општината.

Во среда, 12 март 2025 година, амбасадорот Рокас ќе направи обиколка на регионот на Преспа преку серија посети на проекти финансирани од Европската Унија. Во Царев Двор ќе го посети основното училиште „Браќа Миладиновци“ кое ја зголеми својата енергетска ефикасност преку грант финансиран од ЕУ наречен „Зелениот дух на Преспа“. Подоцна, амбасадорот Рокас ќе ја посети Црквата Света Петка во Брајчино, каде фреските треба да се зачуваат во рамките на ACT4PRESPA, прекуграничен проект финансиран од ЕУ за заштита и конзервација на културното наследство во областа на Преспанското Езеро.

фото Centar.mk / септември 2018-та година /  од посета на тогашниот министер за транспорт и врски

Посетата ќе биде завршена со настан на високо ниво, на кој премиерот Христијан Мицковски, евроамбасадорот Михалис Рокас, постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан и членови на Владата официјално ќе го означат започнувањето на градежните работи за царинската зграда со придружната инфраструктура (Канцеларија на осигурителната компанија, јавни тоалети, резервоар за вода, нова станица за третман на вода кај трафостаницата, три пристапни патишта, паркинг) кај новиот граничен премин Маркова нога – Герман. Работите, вредни 2 милиони евра, се дел од финансиската програма ЕУзаПреспа, кој изнесува вкупно 21,5 милиони евра. Од нив, 18 милиони евра, односно 84% се обезбедени од Европската унија, а остатокот се од националниот буџет. ЕУзаПреспа се спроведува преку 2 договори за придонес потпишани со УНДП. Опремата треба да ја испорача и инсталира националната царинска управа. Реконструкцијата на полициската зграда ќе биде покриена со дел од програмата Интеррег ИПА Грција – Северна Македонија финансирана од ЕУ (вкупно 7,73 милиони евра, вклучително 1,2 милиони евра од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија и 114,136 евра од општина Ресен) за финансирање на градежните работи од двете страни. Граничниот премин се очекува да биде отворен во 2028 година.

фото Centar.mk / септември 2018-та година / од посета на тогашниот министер за транспорт и врски