Centar.mk
СВЕТ

Со нож киндапирал млада жена и се заканувал дека ќе активира бомба

Драма се случуваше на аеродромот во Алмати во Казахстан кога маж вооружен со нож киднапирал жена која била дел од обезбедувањето.

Поранешен боксер успеал да му пријде на киднаперот и да му го одвлече вниманието пред брзо да реагира и да го разоружа напаѓачот, спречувајќи потенцијална трагедија. Напаѓачот, 67-годишен маж, наводно се заканил дека ќе активира бомба додека ја држел младата жена како заложник, влечејќи ја за коса.

Потоа на местото на настанот излегол поранешен боксер и ја спасил младата жена (21), објавено е на профилот „fl360aero“ на Инстаграм. Поранешниот боксер успеал да му пријде на киднаперот и да му го одвлече вниманието пред брзо да реагира и да го разоружа напаѓачот, спречувајќи потенцијална трагедија.

Инцидентот се случил кога напаѓачот при проверка на идентификација на безбедносен пункт реагирал бурно, извадил нож и фатил чувар, заканувајќи и се дека ќе ја избоде./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Франција воведува засилен карантин за случаи на контакт со хантавирус

C +

Иран: Доколку САД повторно нè нападнат, ќе збогатиме ураниум до ниво на нуклеарна бомба

C +

Драматично предупредување од ОН: Светот се соочува со масовен глад ако Ормускиот теснец остане затворен

C +