Centar.mk
ЛОКАЛНО

Во пресрет на Денот на жената градоначалникот Александар Георгиевски со подароци за понежниот пол во Општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во пресрет на Денот на жената 8 Март, им го честиташе празникот на припадничките од понежниот пол во Општината, јавните претпријатија но и на општинската администрација.

Со искрени желби за многу здравје, радост, среќа и љубов, градоначалникот на припадничките од понежниот пол, им подари скромни подароци, како и осмомартовски црвени рози. Тој истакна дека денешниот ден е симбол на борба за еднаквост и рамноправност во општеството. Жените се тие што знаат да направат баланс, да бидат столбот на семејството, да бидат успешни, нивната мисија е да креираат и да реализираат. Градоначалникот додаде дека улогата на жената е се позначајна во општеството.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК