Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утрово најстудено во Берово, денеска максималната температура до 23 степени

Утрово најстудено било во Берово каде што биле измерени -5 степени, -4 било во Битола, -3 во Струмица, -2 во Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија и Маврови Анови, -1 во Тетово, Прилеп, Штип и Гевгелија, 0 во Охрид, Куманово и Кавадарци, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Претор и Крива Паланка, 3 во Попова Шапка, 4 во Виница, 6 во Крушево.

Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 19 сантиметри на Попова Шапка.

Времето денеска

Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 23 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +