Centar.mk
СВЕТ

САД забранија приватна компанија да испраќа сателитски снимки во Украина, пишуваат медиуми

Американската компанија Maxar Technologies ѝ го оневозможи пристапот на Украина до нејзините сателитски снимки, објави украинскиот портал „Милитарни“, повикувајќи се на неколку неименувани корисници на оваа комерцијална услуга.

Официјалното објаснување што корисниците го добија од Maxar е дека прекинот настанал „на административно барање“.

Порталот пишува дека прекинот на услугата настанал поради претходна одлука на американската влада да престане да испраќа разузнавачки информации во Украина. Забраната се однесува на јавните и приватните корисници во Украина.

Украинската сајбер група „Киберборошно“ објави на „Телеграм“ дека и е одземен пристапот до податоците од Maxar Technologies, кои ги користела во својата работа.

Maxar Technologies, приватна американска компанија, беше главниот снабдувач на комерцијални сателитски снимки кои ѝ ги открија на Украина движењата на руските сили и резултатите од нападите врз важни објекти, било на окупирана територија или во самата Русија.

Исто така, сателитските снимки на Maxar се повеќепати користени од светските медиуми за илустрација и анализа на бојното поле./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Орбан посака Европа да се врати на здравиот разум во 2026 година

C +

Макрон изрази три желби за 2026 година – единство, сила и надеж

C +

Положи заклетва: Мамдани официјално е новиот градоначалник на Њујорк

C +