Centar.mk
фото Centar.mk (c) /Илустрација
БИЗНИС

Маркети, аптека и големи увозници на овошје и зеленчук затворени поради непочитување на владините мерки за маржите

Кај осум правни субјекти пазарната инспекција констатирала целосно непоичитување на владините мерки од кои три маркети, една аптека и три најголеми увозници на овошје и зеленчук и за нив, како што информира директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски, биле издадени или се во постапка на издавање решенија за забрана за вршење дејност и парична казна во согласност со големината на правниот субјект.

Во периодот од 24 февруари до 6 март биле извршени 365 надзори во трговијата на мало и 64 во трговијата на големо. Притоа биле констатирани вкупно 36 неправилности, а триесетина предмети се во фаза на анализа и издадени прекршочни платни налози во вредност од 42.000 евра.

Инспекторите, најави тој, и во текот на наредниот период ќе продолжат со засилени контроли кај увозници, дистрибутери, производители, маркети, аптеки, бензински пумпи и слично на целата територија на државата.

Според Стојкоски, мерките на Владата, генерално, се почитуваат, и апелира до сите трговци доследно да ги почитуваат законите и владините одлуки.

Глобите за непочитување, како што образложи, се движат од 500 до 10.000 евра, како и забрана за вршење дејност од 15 дена во согласност со Законот за трговијата и Законот за заштита на потрошувачите.

Тој ги охрабри граѓаните доколку увидат неправилности, да ги пријават или на телефонскиот број 191 или на веб-страницата на ДПИ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Народна банка: Просечната стапка на инфлација за 2025 година изнесува 4,1%

C +

СДСМ: Владата на Мицкоски не сака да ја покачи минималната плата на 600 евра

C +

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +